Пеколна група за ЛОИ – Германија ги чека Швеѓаните, Словенците и Алжир за пат во Токио

Германија ќе им биде домаќин на ракометарите на Шведска, Словенија и Алжир во битката за две места кои водат на олимпискиот турнир во Токио што ќе се игра ова лето.

Најлесна задача се чини ќе имаат Норвежаните, кои се домаќини во првата квалификациска група за настап на ЛОИ во Токио. Со нив во групата се Бразил, Чиле и Јужна Кореја.

Во втората група што ќе се игра во Франција, заедно со домаќинот се и селекциите на Хрватска, Тунис и Португалија.

Двете најдобропласирани репрезентации ќе играат на Летните олимписки игри што ќе се одржат во Токио од 24 јули до 9 август годинава.

Директен пласман на ракометниот турнир обезбедија домаќинот Јапонија, Данска, Шпанија, Бахреин, Аргентина и Египет.

- Оглас -

Најнови вести