Пеколни два меча во групата на Македонија – кој ќе оди во четвртфиналето?

Македонија и Белорусија ќе одиграат формален меч во последното коло од главната група, но другите две средби од нашата  група ќе бидат „да се биде или не“. Сите четири селекции имаат реални шанси за место во четвртфиналето, а во малку подобра ситуација се Египет и Шведска кои имаат по шест бодови, додека Русија и Словенија се со по пет бода досега.

Денеска на мегдан ќе бидат Русија против Шведска како и Словенија во дуел со домаќинот Египет. До последната секунда може да биде неизвесно за тоа кои селекции ќе бидат на првите две позиции. Египет и Шведска доволно е да одиграат нерешено и да останат напрвите две места, додека Русија и Словенија треба да атакуваат на два бода.

Вечерва ќе се решава и за патниците во четвртфиналето и од Група 3. Франција е перфектна со осум бода и игра против Португалија, која има шанси со победа да оди во следната фаза. Норвешка која исто така има шест бода е фаворит со Исланд.

Ако се случи Португалија и Норвешка да победат, тогаш ќе се создаде круг од три селекции со по осум бода, па ќе решава меѓусебната вкупна гол разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести