Пеколот за Реал продолжува, ниту Алаба и Касемиро нема да играат во Билбао

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има многу проблеми околу составот пред утрешното гостување кај Атлетик во Билбао. Најново е дека Давид Алаба не тренираше претпладнево, сомнежите се дека и тој е позитивен на ковид-19, а тоа треба да се потврди попладнево. Утрово беше објавено дека позитивен е и Иско.

Алаба беше стартер на 20 меча по ред.

Со новите два случаи, додуша едниот уште не е официјално потврден, во Реал долга е листата на заразени од корона-вирус. Од претходно е познато дека позитивни се резервниот голман Лунин, потоа Марсело, Модриќ, Бејл, Асенсио и Родриго. Модриќ даде негативен резултат, но не се чувствува добро и нема да патува во Билбао.

Средниот ред на Реал ќе биде ослабен и со неиграњето на Касемиро, кој против Кадис го доби петтиот жолт картон, па поради суспензија, нема да игра утре. Ќе го нема и повредениот Карвахал. Ако се потврди дека и Алаба е заразен, Реал ќе има само 14 здрави играчи од првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести