Пеле: Денеска ми е роденден, ми подготвивте ли торта?

Најдобриот фудбалер во 20-тиот век и единствен човек со три титули светски првак, Пеле, денеска го прославува својот 81-ви роденден. Пеле има здравствени проблеми, на 1 октомври излезе од болница после операција, но борбениот дух и хуморот го одржуваат во живот.

Тој се јави преку „Твитер“ до своите следбеници.

„Доаѓа мојот роденден. Ми направивте ли торта?“ – напиша Пеле во пресрет на роденденот кој ќе го прослави со најблиските.

- Оглас -

Најнови вести