Пеле се вакцинира и упати силна порака

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Едсон Арантес до Насименто, познат како Пеле, ја прими вакцината против корона-вирусот. Кралот на фудбалот на својот инстаграм-профил постираше фотографија како ја прима вакцината против смртоносниот вирус.

„Денес е незаборавен ден. Се вакцинирав“, напиша Пеле, кој со Бразил освои три титули светски првак. Легендарниот Пеле порача дека сите треба да ги следат здравствените препораки, да се држи дистанца, да се одржува хигиена затоа што опасниот вирус уште е широко распространет и мора да се внимава. „Ако внимаваме и ги следиме препораките, тоа значи дека се грижиме за нашите блиски“, порача Пеле, кој ја примил вакцината „коронавак“ произведена од кинеската фармацевтска компанија „Синовак“.

Викцинирањето во Бразил започна на 18 јануари, а најголемата јужноамериканска држава е на третото место по бројот на заразени со корона-вирусот, зад САД и Индија. Во Бразил има регистрирани 10.587.001 заразени, а веќе има и 255.720 смртни случаи, што е на второто место во светот, веднаш зад САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

 

- Оглас -

Најнови вести