Пелистер беше блиску до првиот бод во ЛШ, но минимално загуби од Загреб

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа и десеттиот пораз на исто толку натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва со целиот плен од Битола си заминаа ракометарите на Загреб, кои славеа со 22-23.

Битолчани лошо го отворија мечо и уште во почетната фаза на трипати имаа негатива од пет голови разлика. Сепак, домашните ракометари во самиот финиш на првото полувреме успеаја да го намалат водтсвото на Загреб и да дојдат до пристојни -3 на полувремето, односно 10-13.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер постојано ја бркаше негативата, на средина од полувремето дури успеа и да израмни на 18-18, но тоа беше се што успеаја да направат. Загреб после израмнувањето константно имаше предност од два гола разлика, кои успеваше да ги сочува за победа со конечен резултат од 22-23.

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, беше убедливо најефикасен на паркетот со осум голови.

Дуелот против Загреб беше последен од првиот дел на сезоната во Лигата на шампионите, а битолчани со настапите продолжуваат во февруари следната година, кога ги очекува домашен дуел против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести