Пелистер го преспа стартот на второто полувреме и загуби убедливо од Војводина (Видео)

Македонскиот вицешампион Пелистер имаше неочекувано лош старт во СЕХА-лигата и загуби убедливо од Војводина со 29:24.

Битолчани освен на самиот почеток кога водеа со 2:1, 3:2 и 4:3, постојано беа во негатива, а кобен за нив беше стартот на вториот дел.

Откако во финишот на првото полувреме анулираа четири гола негатива, на стартот од вториот дел со две серии Војводина направи предност од 25:18, што беше недостижна за гостите и за да се избегне пораз.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1620111806856560641?s=20&t=zF3pKvB5CJbMbR7LssGwTA

Пелистер со два гола по ред намали на 25:20, а се разбрани Кизиќ, кој заедно со стрелецот на 7 гола, Ненад Костески, беа светли точки кај битолчани, но тоа беше премалку за да се освои бод или да се победи.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1620124731352698880?s=20&t=zF3pKvB5CJbMbR7LssGwTA

Костески со седум гола беше најефикасен кај Пелистер и на мечот Кизиќ одбрани 7 удари од 12 обиди на домаќините, а една одбрана помалку имаше Лесјак.

Ојлески, Дејвис и Хенеберг дадоа по три гола за гостите од Битола, кои тргнаа со пораз во СЕХА-лигата.

Кај Војводина, Пухоски, Роган и Милиќ постигнаа по четири гола, а блескаше голманот Лука Арсениќ со 11 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести