Пелистер и Тетекс киксираа пред своите навивачи, Беса се зацврсти на првото место

Битолски Пелистер пред своите навивачи одигра без голови во дуел против Скопје, во рамките од осмото коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Пелистер беше фаворит за освојување на трите бода, но битолчани не успеаа да го скршат отпорот на гостите.

Кикс на свој терен имаше и Тетекс кој не успеа да го победи фенерџијата Караорман. Екипата која имаше само три бода во претходните седум кола имаше водство од 1:0, но Тетекс со го во финишот стигна до еден бод, иако целта на тетовци сигурно беше освојување на целиот плен.

Лидерот Беса беше убедлив против Вардар неготино и победи со 4:1. За Беса ова е седма победа и со 21 бод од максимални 24 е прва на табелата.

Резултати од 8. коло: Башкими –Кожув 2:0, Беласица – Новаци 3:1, Беса – Вардар (Н) 4:1, Охрид – Арсими 1:0, Пелистер – Скопје 0:0, Победа – Детонит 2:0, Тетекс – Караорман 1:1, Вчера играа: Осогово – Саса 1:1.

Табела: Беса 21 бодови, Пелистер 17, Детонит 16, Охрид 16, Кожуд 15, Тетекс 13, Башкими 13, Беласица 12, Победа 11, Новаци  10, Арсими 9, Скопје 8, Осогово 7, Вардар Н. 6, Каменица Саса 6, Караорман 4.

 

- Оглас -

Најнови вести