Пелистер преслушан и во реваншот против Мешков

Верувањата дека Пелистер може до сензационален пресврт не се остварија, тимот од Битола убедливо го загуби и реваншот против Мешков на гостувањето во Брест со конечни 35:31.

Уште во првите 30 минути домаќините воспоставија резултатска контрола и го освоија полувремето со 18:14. Пелистер водеше на стартот со 2-1 па и 4-3, а потоа следуваше серија од 6-0 на ракометарите на Мешков, а во второто полувреме се играше по рутина за држење на сигурното водство.

Ваилупау со перфектен учинок 11/11 ги предводеше домаќините, најрасположен ракометар од редовите на Пелистер беа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести