Пелистер се бореше, но дозволи убедливо да загуби во финишот

Еурофарм Пелистер убедливо загуби од Тримо Требње со конечни 28:24 во дуелот од петтото коло во Европската лига. Битолскиот состав и натаму е без победа во меѓународното натпреварување, а вечерва поразот во Љубљана е трет по четири одиграни натпревари.

Составот на Жељко Бабиќ се бореше да излезе од негатива во поголемиот дел од натпреварот, иако на стартот тргна со оптимистични 5-4. Домаќините со „плус 2“ заминаа на паузата, предност која ја држеа сè до 20-19, кога направија серија од 6-1 за убедлива предност на пет минути до крајот.

Поточник и Сарат со по пет гола беа најангажирани во победата за Требње, Мандалиниќ имаше 5/11 како најефикасен во составот на Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести