Пелко доаѓа во Вардар за да ги покрие Стоилов и Горпишин

Ракометниот клуб Вардар потпиша договор со словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21). Договорот со него е потпишан на една сезона, со можност соработката да продолжи уште две сезони.

За 202 сантиметри високиот ракометар ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија, откако лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко треба да ја зголеми конкурецијата на позијицата пикер, на која сè уште Стојанче Стоилов и Сергеј Горпишин.

Тој е ракометар кандидат за влез во сениорската репрезентација на Словенија.

„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам сè од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија, од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот“ вели Сикошек Пелко.

 

- Оглас -

Најнови вести