Пенал-драмата за Вердер против Борусија Дортмунд

Вердер Бремен направи подвиг во Дортмунд и по големата драма и подоброто изведување на пеналите, ја елиминира Борусија, со што си обезбеди настап во четврт-финалето на Германскиот куп.

Макс Крузе погоди во четвртата серија од пеналите, откако претходно сите негови соиграчи беа прецизни и Вердер се пласираше во завршницата на Германскиот куп.

Кај Борусија, Пако Алкасер и Максимилијан Филип не ги погодија првите два удари од белата точка, но се чини Борусија го загуби мечот во финишот на продолженијата.

Домаќините најпрво во регуларниот дел со голот на Ројс анулираа негатива од 0-1, а потоа на двапати водеа во продолженијата.

Сепак головите на Пулишиќ и Хакими не беа доволни, бидејќи Пизаро и Харник во последните моменти израмнија на 3-3, па се шутираа пенали.

Сите четворица играчи на Вердер погодија, кај Борусија имаше два прецизни удари и две утки и по 10 години пауза, Вердер ја елиминираше Борусија во Купот.

Во 2009 година тимот од  Бремен славеше на „Вестфален“ со 2-1, а потоа и го освои пехарот во Купот.

- Оглас -

Најнови вести