Пенал-рулетот им се насмевна на Николов и на Муслиу

Бобан Николов и Висар Муслиу ќе играат со МОЛ Фехервар во завршната квалификациска фаза за настап во Лигата на Европа откако МОЛ Фехервар успеа да ја добие речиси тричасовната битка на пенали против Ремс.

Двајцата наши репрезентативци го одиграа целиот меч што заврши без голови и во регуларниот дел, но и по двете продолженија од по 15 минути.

Стандардно, следуваше пенал-рулетот што им се насмевна на домаќините. Сите четворица изведувачи на ударите од белата точка кај МОЛ погодија, а гостите од Франција промашија два пенали, па Николов и Муслиу ќе играат против Стандард во Лиеж или со Војводина во Нови Сад во финалниот нокаут-меч на први октомври за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести