Пеналите решаваа: Лутон ќе дебитира во Премиер лигата (Видео)

Екипата на Лутон за првпат во својата историја ќе игра во Премиер лига откако таа е формирана во 1992-рата година.

Лутон дури после изведувањето на ударите од белата точка успеа да го совлада Ковентри и после 31 година да се врати во највисокиот англиски фудбалски ранг. Тие беа дел од првата дивизија во сезоната 1991/1992, но испаднаа за само два поени, а истото лето се формираше Премиер лигата во форматот кој се игра и денес.

Натпреварот на Вембли заврши 1-1 после регуларните 90 минути, но и после продолженијата од двапати по 15 минути. Лутон дојде во водство во 23-тата минута преку Кларк. Конечните 1-1 ги постави Хамер во 66-тата минута.

Возбудувања донесе и пенал серијата. Првите 10 пенали беа реализирани, а на стартот од шесттата серија прецизно стрелаше Потс за Лутон. Последниот пенал го изведе Дабо, но неговиот удар заврши над голот, а тоа значеше и голема радост за фудбалерите на Лутон и прв пласман во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести