Манчестер јунајтед е елиминиран во третото коло од Лига купот на Англија откако на „Олд Трафорд“, дури по изведувањето на пеналите, загуби од Дерби каунти. Домаќинот беше голем фаворит против екипата која е од понизок ранг, но сепак на теренот Дерби покажа дека не се плаши од името на Манчестер.
Јунајтед имаше предност од 1-0, но гостите направија целосен пресврт и поведоа со 2-1. Во 95-тата минута Фелаини погоди за 2-2 и го одведе мечот на пенали. Иако и тука Манчестер треба да е фаворит поради многу поискусните играчи кои ги има во своите редови, на крајот Дерби се радуваше.
Осмата серија беше решавачка. Фил Џонс шутираше, а голманот на Дерби одбрани, што беше знак за големо славење на гостите. Поразот на Манчестер на пенали можеби е изненадувачки, но статистиката вели дека тој бил очекуван. Во последните пет пенал-рулети, „црвените ѓаволи“ секогаш губеле и биле елиминирани. Така беше и синоќа.