Пеналите „царуваа“ во Мадрид, Атлетико и Арсенал ремизираа (Видео)

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во првиот меч од полуфиналето во Лига на шампиони на стадионот „Ванда Метрополитано“ во шпанската престолнина. Тоа значи дека патникот во финалето од елитното натпреварување на УЕФА ќе се решаава на реваншот во Лондон и тоа ќе биде следниот вторник.

Пеналите беа во фокусот на мечот во Мадрид. Откако во првото полувреме немаше многу возбудувања, во финишот, во шеснаесетникот на Атлетико беше фаулиран Виктор Ѓокереш, а истиот играч самиот реши да го изведе ударот од белата точка и погоди за водство на гостите од 1:0 на полувреме. Целата ситуација околу пеналот и погодокот на Ѓокереш може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме Атлетико Мадрид започна многу поофанзивно. Едноставно домаќините беа решени да не загубат на свој терен. Во 55 минута по една ситуација во шеснаесетникот на гостите, топката удри во раката на еден играч на Арсенал, а главниот судија Дани Макели покажа дека има пенал.

Хулијан Алварес шутираше од белата точка и погоди за 1:1. За Аргентинецот ова беше 10-ти погодок сезонава во Лига на шампиони и може да го видите ТУКА.

До крајот на средбата, судијата Макели досуди уште еден пенал, во корист на Арсенал, но по консултација со ВАР системот, првичната одлука на холандскиот арбитар беше поништена и резултатот остана 1:1, што е само потврда дека реваншот во Лондон ќе биде многу неизвесен.

 

- Оглас -

Најнови вести