Пензијата му траеше 40 дена, легендата Том Брејди објави дека се враќа во НФЛ!

Најдобриот и најпопуларен НФЛ квотербек на денешницата, Том Брејди, објави дека ќе игра и следната сезона, што ќе му биде 23-та во кариерата. Брејди, за кого се зборуваше дека ја завршува кариерата, смета дека има незавршена работа во Тампа Беј.

„Во овие два месеца сфатив дека моето место е на теренот, а не на трибините. Ќе дојде време кога ќе се повлечам, но тоа не е сега. Ги сакам моите соиграчи и моето семејство, кое мо дава поддршка. Се враќам во Тампа за мојата 23-та сезона. Имам незавршена работа“, објави Брејди.

- Оглас -

Најнови вести