„Пензионерски дом“ Севиља, дури четворица стартери им се 35-годишни или постари

Екипата на Севиља на гостувањето кај ПСВ Ајндховен во почетниот состав има дури четворица фудбалери коишто имаат 35 или повеќе години.

Ова е само вторпат во историјатаа на Лигата на шампионите некој тим да тргне со четворица ветерани од 35 или повеќе години, по Розенборг од декември 2007 година на еден меч против Шалке.

Кај Севиља на теренот се 37-годишните Рамос и Навас, 36-годишниот Фернандо и 35-годишниот Ракитиќ.

Просечната возраст на почетниот состав на Севиља е 31 година и 263 дена, трет највозрасен состав во историјата на ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести