Пеп мајсторски ги погоди замените, Грилиш и Марез за 180 секунди му донесоа победа на англискиот првак (Видео)

Пеп Гвардиола ги погоди двете измени за Манчестер сити на дербито со Челзи и токму Џек Грилиш и Ријад Марез беа творци на победата од 1:0 во Лондон.

Двајцата влегоа во игра во 60. минута, а само 180 секунди подоцна Грилиш упати прекрасна асистенција до Марез, а овој погоди за победа.

Со победата актуелниот англиски првак остана на второто место со 39 бода, но ја стопи разликата со лидерот Арсенал на само пет бода.

Челзи е десетти со 25 бода по 17 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести