Најголемата желба на Флорентино Перес и Реал Мадрид за следното лето е фудбалерот на Манчестер сити, Родри. Кралевите во своите редови сакаат да ги донесат најквалитетните светски фудбалери, а еден од нив е токму Родри, кој беше еден од клучните во освојувањето на европската титула на Шпанија, но и дел од најголемите успеси на Манчестер сити.
Сепак, Пеп Гвардиола не сака ниту да слушне да го ослободи фудбалерот и веќе му дал наредба на раководството по секоја цена Родри да остане во Манчестер. Раководството веќе ги започнало преговорите за нов договор, а според информациите од Островот, Граѓаните ќе му понудат плата со која ќе го направат најплатен фудбалер во Англија.