Тренерот на Манчестер сити и според многумина најдобриот фудбалски тренер во светот, Пеп Гвардиола, гостуваше во телевизиско шоу, а одговорите ги даваше без влакна на јазикот. Каталонецот разговараше на многу теми, а едната од нив беше и кој е најдобриот фудбалер во историјата. Секако, одговорот беше очекуван.
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби покажувам непочитување кон Пеле и Диего Марадона, но не можам ниту да замислам дека некој е подобар од Меси. Да се биде толку константен е нереално.“ – рече Гвардиола.
Во продолжение на одговорот дади и објаснување зошто тоа е така.
„Го гледав тоа момче како тренира секој ден и игра натпревари на секои три дена на нереален начин. Кога ќе имате можност да бидете блиску и да го следите, тогаш сфаќате каков фудбалер навистина е. Меси е единствен. Среќни сме што имаме можност да го гледаме и да му се восхитуваме на она што го прави на теренот. Тоа е најголемата убавина на фудбалот што сум ја видел во мојот живот.“ – додава Гвардиола.