9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Пеп Гвардиола се разведува од сопругата по 30 години заеднички живот

Проблемите за тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, продолжуваат. Шпанскиот стручњак се разделува со својата сопруга Кристина по 30 години заеднички живот и 20 години брак, објавија медиумите на Островот. Тие самите ја објавија веста, која за многумина е шокантна.

Сепак, двајцата се во добри односи и дури беа забележани заедно за време на божиќно-новогодишните празници. Во дел од медиумите се наведува дека токму овие проблеми во семејниот живот придонеле за падот на формата на Манчестер сити и имаат влијание врз настапите на тимот оваа сезона.

Граѓаните се наоѓаат на шестото место во Премиер лигата со 34 бода.

- Оглас -

Најнови вести