Пеп повтори шампионски подвиг на легендарниот Кени Далглиш

Манчестер сити и официјално е нов шампион во Премиер лигата по поразот на градскиот ривал Јунајтед од Лестер со 1-2 во мечот од 36-тото коло. Граѓаните се вратија на тронот во Англија по пауза од една сезона, а под водство на Пеп Гвардиола, Сити по третпат ја освои титулата.

Шпанскиот стратег на тој начин повтори шампионски подвиг на легендарниот Кени Далглиш како втор менаџер кој освои три титули само во пет сезони.

Гвардиола не беше шампион со Сити во неговата дебитантска сезона 2016/17, која му припадна на Челзи, како и во ланската, кога Ливерпул издоминира во првенството.

- Оглас -

Најнови вести