Пеп: Следниот пенал ќе го шутира Едерсон

Пеп Гвардиола беше среќен што неговиот Манчестер сити оствари убедлива победа од 4-1 на гостувањето кај Ливерпул, со што го освоија „Енфилд“ по 18 години пауза. Сепак, шпанскиот стратег не можеше да го сокрие незадоволството што повторно неговата екипа не искористи најстрога казна.

Гундоган при резултат од 0-0 промаши пенал во 37-мата минута, нешто што им се случи на Де Бројне и Марез во два од претходните пет дуели на англиските гиганти.

„Искрено, ова станува проблем. Без разлика против кого играме, пеналите мора да се реализираат, а особено во дерби-натпревари. Сериозно размислувам таа обврска да му ја доделам на Едерсон“, истакна Гвардиола по мечот.

Сити во меѓувреме се зацврсти на врвот на табелата со 50 бода и натпревар помалку. Зад нив е градскиот ривал Манчестер јунајтед со 45 бода, додека Ливерпул заостанува 10 бода зад моменталниот лидер.

- Оглас -

Најнови вести