Пеп виде дека Сити може да победи и со помал посед на топка од противникот

За разлика од минатата сезона кога Сити го растури Челзи со 6-0, англискиот првак овојпат наиде на тврд орев и доста се намачи да го покори составот на Френк Лампард. Граѓаните иако по 20 минути игра губеа со 0-1, уште во првиот дел избраниците на Гвардиола го свртеа резултатот во своја корист.

Колку всушност Сити се намачи за да дојде до деветтата победа во Премиер лигата сезонава, покажува статистиката во посед на топка. Имено, првпат во кариерата му се случува на Пеп негова екипа да има помал посед на топка од противникот, а при тоа да се радува на триумф.

Поседот од 46.74% е најнизок во вкупно 381 лигашки натпревари во кои Гвардиола предводел екипа, вклучувајќи ги и Барселона и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести