23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Пепе му ја расипа забавата на Хоџсон на „Селхурст парк“ (видео)

Арсенал уште се надева на излез во Европа откако славеше со 3-1 во малото лондонско дерби на гости кај Кристал палас во претпоследното коло од Премиер лигата.

Никола Пепе со два одлични погодоци ги освои важните бодови за тимот на Артета, со кои Арсенал сега е на бод заостаток од седмото место.

Пепе ја отвори средбата во 35-тата минута откако гостите креираа речиси совршена акција и ефектна реализација од прв обид. Бентеке по еден час игра во свој стил со глава израмни на 1-1, па Топчиите во фотофиниш со головите на Мартинели и Пепе во судиското надополнување ја расипаа забавата на Рој Хоџсон, кој се прости од домашната публика.

- Оглас -

Најнови вести