Пепе: Реал Мадрид беше како „гробишта“ за централните дефанзивци

Португалскиот ветеран Пепе во пресрет на дуелот на Порто со Ливерпул од четвртфиналето во Лигата на шампионите верува дека неговиот тим на „Енфилд“ може да извлече поволен резултат пред реваншот на „Драгао“.

„Порто од мене направи фудбалер каков што сум денеска, многу научив тука и затоа среќен сум што се вратив. Околу мене има добри дефанзивци, Милитао го купија од Реал Мадрид, ќе игра таму, тоа е доказ каков играч е. Имам три титули во ЛШ, со Господ напред, сезонава може да станат и четири. Знаеме дека ќе биде тешко, но ние треба да играме исто како досега, да бидеме свои, да се бориме и да даваме голови. Ливерпул е одличен тим, но не се плашиме“, вели Пепе.

Пепе во 2007 година од Порто прејде во Реал, и таму остана десет сезони.

„Порто добро ме подготви и тоа не остана незабележано во Мадрид. Пред јас да заминам таму, Реал беше познат како гробишта за централни дефанзивци. Таму играа одлични дефанзивци, но не успеаја. Јас дојдов од лига која е послаба, но останав во Реал десет години и освоив многу трофеи“, потсетува Пепе.

- Оглас -

Најнови вести