Пепе Реина: Коронавирус е како да ве прегазил камион

Се чувствував како да ме прегазил камион. Веднаш знаев дека имам Коронавирус бидејќи ги имав сите симптоми. Овде во Англија нема тестови и затоа е уште потешко, но сега сум добар. Беше многу тешко, вели Пепе Реина, голманот на Астон вила.

Има 37 години и беше меѓу првите спортисти во Англија што се заразија со Коронавирус. Шпанецот веќе една недела е во самоизолација, а вели дека во целата приказна со епидемијата на вирусот што е многу лоша има и вистински херои.

Многу ме погодува што секој ден умираат луѓе, а немаат ниту шанса да се простат со своите најблиски, со своите семејства. Ние фудбалерите на некој начин сме привилегирани бидејќи имаме услови и можеме да бидеме во самоизолација. Замислете ги обичните луѓе, просечните семејства што живеат во стан на пример од 70 квадрати со три-четири деца. Тие се херои. Мораме да им помогнеме полесно да се справат со епидемијата“, вели Реина.

 

- Оглас -

Најнови вести