Перес е сигурен: Нема шанси УЕФА да нè исфрли од Лигата на шампионите

èФлорентино Перес е сигурен дека УЕФА нема да ги исфрли трите тима, Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи, во полуфиналето на овој циклус натпревари во Лигата на шампионите и тврди дека раководството на Суперлигата воопшто не ги поканило Баерн и ПСЖ да бидат дел од проектот.

„Реал и останатите клубови од Суперлигата нема да бидат исфрлени од УЕФА и Лигата на шампионите и овој циклус ќе се доигра. Иако се закануваат со исфрлање, тоа е невозможно. Законот е на наша страна“, објави првиот човек на Реал и иден претседател на Суперлигата.

Првиот човек на Реал, но и на новиот проект со Суперлига на Европа, која засега брои 12 клуба, вели дека не се точни шпекулациите за одбивање на поканата од страна на Баерн, ПСЖ и Борусија Дортмунд.

„Тоа се невистини. Со претставниците на Баерн и Борусија воопшто не сме разговарале, а ПСЖ сè уште не сме го поканиле. Моментно има 12 основачи на Суперлигата и тие се веќе познати, а планираме да има вкупно 15“ изјави Перес.

Перес е сигурен дека клубовите нема да бидат исфрлени од домашните првенства и дека фудбалерите што ќе играат за клубовите од Суперлигата, не треба да се грижат за настапите на големите натпреварувања, и покрај заканите на УЕФА.

„Тоа на почетокот го кажа некој што е глуп, а потоа на таква небулоза се закачија исти како него. Секако дека нема да се откажеме од настапи во домашните првенства. Тие се темел на сè. Националните првенства и Суперлигата ќе бидат супер комбинација и можат да се играат заедно“, истакна Перес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести