Перес ќе прави голема чистка во Реал: Шестмина ќе добијат шут-карта

Реал Мадрид можно е да направи голема промена во тимот за време на летниот преоден рок. Според најавите, претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, составил список од шестмина фудбалери кои би требало да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ по завршување на сезоната.

Прв на листата за заминување е Бразилецот Марсело. Играчот кој со години беше незаменлив на бековската позиција, најверојатно ќе замине во Јувентус. На излезна врата е и Иско, кој е во немилост на тренерот Сантијаго Солари и воопшто не добива шанса да заигра. И вториот голман Кејлор Навас е пред заминување, а нив треба да им се придружат и Тони Крос, Дани Карвахал и Каземиро.

Освен листа за заминување, Реал секако има и листа на посакувани играчи, а во прв план се Еден Азар, Хари Кејн и Пауло Дибала. Реал Мадрид испадна од Купот на Шпанија, а доколку утре загуби од Барселона во Примера, речиси сигурно Реал ќе се прости и од трката за титулата во домашното првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести