Перес на главниот скаут на Реал Мадрид му откри кое ќе биде следно мегазасилување: Ќе потпише со „најдобриот од нив двајца“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, за летниот преоден рок уште сега има договорено спектакуларно засилување во Килијан Мбапе, а шпанските медиуми откриваат дека тој нема намера да застане тука и планира уште еден потпис со кој очекува Кралевите да доминираат во шпанскиот, европскиот и светскиот фудбал во наредната деценија.

Според шпанските медиуми, Перес на главниот скаут на Реал Мадрид, Јуни Калафат, му рекол дека во летниот преоден рок ќе потпише со „најдобриот“ од Бундеслигата.

Калафат му е човек од доверба на Перес, кому тој му ги открива своите планови. Калафат е скаут на Реал Мадрид од 2013 година, а пред две години беше назначен за главен скаут на Кралевите и тој е најзаслужен за ангажирањето на Винисиус жуниор, Едер Милитао и Родриго.

Медиумите пишуваат дека Перес му открил на Калафат дека ќе работи на трансферот на Џамал Мусијала од Баерн Минхен, за кого е подготвен да плати отштета дури од 100 милиони фунти.

Првиот човек на Реал во исто време со внимание ги следи настапите и на играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, и наводно на Калафат му порачал дека ќе потпише со „најдобриот од нив двајца“.

- Оглас -

Најнови вести