Перес на „Сантијаго Бернабеу“ го враќа тандемот од Манчестер јунајтед?!

Фудбалерите кои најголемите успеси во кариерата ги доживеаја во Реал Мадрид, а сега настапуваат во Манчестер јунајтед, Рафаел Варан и Каземиро, налето би можело да се вратат на „Сантијаго Бернабеу“.

Според англиските медиуми, претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, размислува да ги врати Варан и Каземиро на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи му се потребни ветерани кои би ја имале улогата на ментори на младите ѕвезди.

 

„Новиот косопственик на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, одлучи на крајот од сезоната да ги продаде Варан и Каземиро и да врати дел од вложените средства во нивните трансфери“, пишуваат англиските медиуми.

Според медиумите, Јунајтед ќе бара околу 100 милиони евра за двајцата фудбалери, а освен Реал Мадрид, сериозен интерес за Варан и Каземиро пројавуваат екипите од Саудиска Арабија.

Каземиро во Манчестер јунајтед пристигна во 2022 година во трансфер вреден 80 милиони евра, додека една година претходно за 45 милиони евра на „Олд Трафорд“ дојде и Рафаел Варан.

- Оглас -

Најнови вести