Перес најбрз на спринт трката во Баку

Возачот на Ред Бул, Серхио Перес победи на првата спринт трка сезонава во Формула 1 шампионатот, која се возеше во Баку, Азербејџан.

Ова е прва победа за Перес во спринт трките во кариерата, а до неа дојде до четири секунди предност пред возачот на Ферари, Шарл Леклер, а третото место му припадна на шампионот Макс Ферстапен.

Перес спринт трката за започна од второто место, а се водството во трката го презеде во осмиот круг кога го претекна Леклер и не го испушти до крајот.

Главната трка за Големата награда на Азербејџан, ќе се вози утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести