Перес: Не би имало смисла да го враќаме Кристијано во Реал!

Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, и со тоа ги прекина шпекулациите дека Португалецот, кој е прв стрелец во историјата на Реал, би можел повторно да заигра за Реал откако во 2018 година ги продадоа во Јувентус.

„Нема смисла во враќањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид. Газдата на ‘Марка’ е сопственик на фудбалскиот клуб Торино и оттаму се шпекулациите. Го сакам Роналдо, тој многу ни даде, но нема да се врати“, изјави Перес.

Околу продолжувањето на договорот со Серхио Рамос, Перес е загрижен.

„И него многу го сакам, но во многу лоша ситуација сме во преговорите. Не велам дека Рамос нема да остане, кога ќе заврши сезонава ќе видиме што ќе правиме“, вели Перес, кој од капитенот бара да прифати помала плата.

- Оглас -

Најнови вести