Перес не прифаќа пораз, ќе ја тужи УЕФА за попречување да се формира Суперлигата

Флорентино Перес не попушта во намерата да се формира Суперлигата порано или подоцна, а воедно планира да поднесе тужба против УЕФА за попречување проектот да се оствари.

Пред точно седум дена 12-те најбогати клубови во Европа склучија договор со кој го најавија новото елитно натпреварување од затворен тип, но целата идеја пропадна за помалку од 48 часа по повлекувањето на англиската шестка. И за клубовите кои се предомислија се подготвуваат санкции, бидејќи Перес од претходно потврди дека не може да се поништи веќе потпишаниот договор меѓу гигантите од Англија, Шпанија и Италија.

Според Флорентино, УЕФА без право се замеша во нивниот проект и ќе ја тужи Европската фудбалска куќа, која пак исто така најави санкции за клубовите кои сè уште се надеваат дека проектот ќе се реализира.

 

 

- Оглас -

Најнови вести