Перез откри кој е најголемиот трансфер во историјата на Реал Мадрид а ќе се изненадите од одговорот

Флорентино Перез е можеби најдобриот претседател на некој од клубовите во топ-5 лигите.

Првиот човек на Реал Мадрид е желен за титули и не ги штеди парите кога е во прашање за засилувања и целокупно за подобрување на тимот.

Затоа Реал Мадрид во последната декада освои четири титули од Лигата на шампионите.

Интересно е што Перез кажал кој е најголемото засилување на Реал во историјата, а тоа не е Кристијано Роналдо или Серхио Рамос.

Станува збор за Тони Крос, а тоа го откри агентот на Германецот, Волке Струх.

„Перез е неверојатно пријатна особа со голема животна приказна зад себе.

И покрај се што има направено, тој остана на земја, а во еден од разговорите ми кажа дека Тони Крос е најголем трансфер во историјата на Реал Мадрид“ изјави Струх.

Кроs во Реал дојде во 2014 година а од тогаш има забележано 224 настапи а постигнато 19 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести