Перфектна Италија и нов дебакл за Турција според Квотите на денот

Се предвидува Аѕурите со перфектен учинок да ја завршат групната фаза, иако и Велс ќе атакува на целиот плен со цел да го обезбеди местото во нокаут фазата.

Италија треба да продолжи во ист ритам и против Велс, а тоа значи да постигне барем еден гол во првото полувреме, односно најмалку два во 90 минути, како што го стори тоа против Швајцарија и Турција претходно, за да биде точна квотата од 2.45.

На Швајцарците им одговора само победа за да имаат какви такви шанси да се пласираат во осминафиналето како од групата на најдобрите третопласирани селекции. Со оглед на тоа дека Турција два пати загуби, им се предвидува нов пораз, но се остава простор за евентуално реми во Баку. 1X & 3+ гола е најавена како добитна комбинација на квота 2.30.

Молде да го надигра Стабаек во двете полувремиња и да паднат најмалку два гола, квотата е 2.15.

- Оглас -

Најнови вести