Перфектната Струга ТЛ е голем фаворит, но никогаш го нема победено денешниот ривал

Четири мечеви од Прва македонска фудбалска лига се играат денеска од 15 часот, а лидерот Струга Трим Лум е со план да ја продолжи перфектната низа. Струга ТЛ има седум победи во седум меча, а денешен ривал им е Тиквеш кој има три победи, едно реми и три порази во новото првенство.

Иако Струга е голем фаворит, традицијата е на страната на Тиквеш. Во трите меча кои ги одиграа минатата сезона, Тиквеш нема ниту еден пораз (две реми и победа од 2:0), што значи дека Струга ќе игра против традицијата.

Дербито на денот ќе се игра во Тетово каде Шкендија е домаќин на Шкупи, а според коефициентите во Sport Life, домаќинот е поблиску до победа.

Според квотите, и на останатите два меча домаќините се фаворити. Работнички е домаќин на Победа, а Академиј Пандев во Струмица ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести