Перфектни шест од шест на гостите во Евролигата

Денешните шест натпревари од 16-то коло во кошаркарската Евролига завршија со победи на гостинските екипи.

Доминацијата на гостите ја започна Басконија која со 80:87 го победи Анадолу Ефес, а потоа Барселона ја прекина серијата од два порази во низа славејќи во Каунас против Жалгирис со 80:85.

И Олимпијакос ја прекина мини серијата од два порази во низа победувајќи го Асвел со 85:73, додека Фенербахче во Берлин со триумфот од 91:82 ја оствари третата победа по ред.

Монако го совлада Баерн во Минхен со 80:91, а доминацијата на гостинските екипи ја завери Панатинаикос кој со 76:68 го победи Армани Милано.

- Оглас -

Најнови вести