Перфектниот гол на Хаверц го испрати Челзи во нокаут-фазата од Лигата на шампионите (Видео)

Челзи се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите откако со 2:1 победи на гости кај Салцбург и со 10 бода е сигурен меѓу најдобрите 16 во Европа. Ковачиќ го доведе англискиот тим во предност од 1:0 со гол во 23-тата минута.

Салцбург израмни на почетокот на второто полувреме, но радоста на домаќините кратко траеше.

Челзи се израдува на триумф благодарение на одличниот погодок на Кај Хаверц во 64-тата минута.

Севилја со 3:0 го победи Копенхаген со погодоците во второто полувреме и тимот од Андалузија остана во трка за второто место во групата Г, каде што Манчестер сити е сигурен патник во следната фаза, додека Борусија Дортмунд вечерва може да го обезбеди местото во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести