Перишиќ се прости со Интер: Се радувавме заедно на три титули, засекогаш ќе бидете во моето срце (Фото)

Иван Перишиќ е нов играч на Тотенхем, а објави и проштално писмо на социјалните мрежи што беше сигурна најава дека си оди од Интер.

Хрватскиот репрезентативец објави импресивни бројки со настапите во Интер, особено е горд на трите пехари што ги освои со италијанскиот гигант.

[Ivan Perisic] bids farewell to Inter from soccer

За извонредниот хрватски репрезентативец имаше доста заинтересирани клубови, се најавуваше дека е можно да се пресели во редовите на Јувентус, кој е најголем ривал на Интер во Италија, потоа се вклучи и Арсенал, но Перишиќ од идната сезона ќе игра во Тотенхем кај Антонио Конте.

Клубот од Лондон веќе објави дека се договори со Перишиќ кој е во Лондон и треба да потпише договор со Спарс.

 

- Оглас -

Најнови вести