Перишиќ си заминува од Интер како слободен играч, англиските клубови чекаат во ред за преговори

Иван Перишиќ и дефинитивно налето ќе си замине како слободен агент од Интер откако клубот реши да ги прекине преговорите за нов договор.

Хрватот, кој игра одлично изминативе години за тимот од Милано, ќе може да си го бира новиот клуб бидејќи Челзи, Њукасл, Евертон и Арсенал се надеваат дека ќе можат да го обезбедат неговиот потпис.

Интер го доведе Робин Госенс, а се поврзува и со трансфер на Андреа Камбијасо од Џенова, играчи коишто играат токму на истата позиција како и Перишиќ.

Иван во редовите на Интер е од 2015 година, а една сезона мина како играч на Баерн Минхен, каде што успеа да ја освои и Лигата на шампионите, додека минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во Интер, каде што под водство на Антонио Конте ја освоија титулата во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести