Перо Антиќ се пофали со „Црвена ѕвезда патиките“ и порача „линија на животот“ (Фото)

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија и некогашен играч на Црвена ѕвезда, Перо Антиќ, не пропушти шанса да биде денеска во Белград и во живо да го проследи дербито на Црвено-белите против вечниот ривал Партизан. Кога влезе во салата „Александар Николиќ“, тој со овации беше пречекан од навивачите на Црвена ѕвезда.

Ова е дуел од Евролигата, а Антиќ преку социјалните мрежи се пофали со специјално дизајнираните патики каде го има неговиот лик и е во црвено-бел дрес. Освен овие патики, се гледа и тренерка на која пишува Звезда, а пораката од Антиќ е „Линија живота“.

- Оглас -

Најнови вести