Перу никогаш не победил на гостување во октомври, квотата за разбивање на малерот е 5.50!

Вечерва по полноќ се играат пет натпревари од јужноамериканските квалификации за Светско првенство и тоа е одлична прилика за обложувачите да заработат доколку решат да уплатат на победи на некои од фаворитите.

Аргентина и Бразил играат дома и би било чудо ако не триумфираат, а Еквадор е фаворит против Боливија, иако Еквадор добил само две од последните 17 гостувања на официјални мечеви.

Во Sport Life, квотата за победа на Перу кај Чиле е 5.50, а и не треба да чуди што двојката е толку голема затоа што има една лоша традиција за Перуанците. Тие никогаш не победиле на гостување во октомври од квалификации за Мундијал. Скорот досега на октомвриските гостувања им е 4 нерешени и 17 порази на 21 меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести