Перу се избори да игра бараж, Колумбија останува без СП

Репрезентацијата на Перу во последното коло од јужноамериканските квалификации успеа да го обезбеди петтото место во групата, кое води во баражот за пласман на Светското првенство. На домашен терен, Перу со 2:0 го победи Парагвај и на тој начин го задржи петтото место во квалификациите со вкупно 24 бодови, еден повеќе од Колумбија, која остана на шестото место и покрај утринската победа на гости кај Венецуела од 1:0.

Од претходно беше јасно дека Бразил, Аргентина, Уругвај и Еквадор се селекциите кои директно обезбедуваат месо на Мундијалот во Катар, а сега Перу најави борба за планетарниот собир преку баражот.

Во последното коло, Бразил без никакви проблеми со 4:0 победи на гости кај Боливија, а три бода од гости донесе и Уругвај по триумфот над Чиле. Аргентина кај Еквадор одигра 1:1, па табелата во јужноамериканските квалификации изгледа вака: Бразил 45 бодови, Аргентина 39, Уругвај 28, Еквадор 26, Перу 24, Колумбија 23, Чиле 19, Парагвај 16, Боливија 15 и Венецуела со 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести