Перуничиќ: Ракометот во Србија го загуби шармот, во Грац се чувствуваме осамени

Играчи кои откажуваат настап во националниот тим, децата во Србија не сакаат да тренираат ракомет, паѓа популарноста. Ова се проблемите на ракометот во Србија кои ги наведе селекторот Ненад Перуничиќ во интервју за хрватски „Индекс“ во пресрет на денешното соседско дерби на ЕП, во групата во Грац.

По мечот со Хрватите, селекцијата на Србија се враќа дома, но Перуничиќ мисли дека падот на овој спорт кај нашиот северен сосед е почнат во 2006 година.

„Немаме квалитет како порано. Еден од проблемите е откажувањето на играчи кои веќе не сакаат да настапуваат за Србија. Од 2006 наваму ни се случува ова, ракометот во Србија го загуби шармот. Беше еден од најпопуларните спортови, во мое време децата масовно тренираа ракомет. Сега одат на кошарка, одбојка и боречки спортови. Никој не се интересира за ракометот. Многу Срби живеат во Виена, тоа не е далеку од Грац, но во мала бројка дојдоа да нè бодрат. Кога ги гледам хрватските фанови со колку страст навиваат, би сакал и српските да беа такви. Се чувствуваме осамени“, рече Перуничиќ, кој своевремено за репрезентацијата на Југославија даде над 500 гола.

- Оглас -

Најнови вести