Пешиќ доживеа дежа ву: Миротиќ ли е, Бодирога ли е? (видео)

Барселона во петокот навечер убедливо славеше на гостувањето кај Химки со 102:94  во мечот од 12-тото коло во Евролигата. Во деветтиот овосезонски триумф на Каталонците блескаше Никола Миротиќ со 28 поени и 9 скока, а еден негов потег го врати тренерот Светислав Пешиќ 20 години во минатото.

При еден напад на гостите, Миротиќ ги преслика поените на легендарниот Дејан Бодирога. Карактеристичниот потег на некогашниот српски ас Миротиќ успешно го ископира, па го натера Пешиќ да доживее дежа ву.

Чекор кон лево, па пивот на другата страна и финта-шут, за лесно положување на Миротиќ. Така правеше и Бодирога во дресот на Барселона пред 20 години, кога исто така Пешиќ беше на клупата на шпанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести