Петмина фудбалери на Барселона биле заразени од коронавирус!

Петмина фудбалери и двајца членови на стручниот штаб на Барселона биле позитивни на првото тестирање на ковид-19. Секој тим пред да почне со тренинзи, мораше да биде тестиран по неколку пати. Во Шпанија, барем официјално, немаше многу заразени, но Радио Каталонија објави дека не сите ја објавиле вистината.

Кај првакот Барселона при првото тестирање на крвта, наводно имало пет играчи и двајца тренери кај кои бил откриен вирусот. Никој од нив немал симптоми и брзо оздравеле, но останува прашањето зошто од Барселона ја криеле информацијата. Фудбалерите кои го носеле вирусот, може да бидат поподложни на повреди кога ќе почне да се игра. Досега на тренинзите се повредија само Самуел Умтити и Ансу Фати, но не станува збор за сериозни проблеми.

Ова е вест која сепак нема да го загрози планираното продолжување на сезоната во шпанската лига закажано за 12-ти јуни со градското дерби помеѓу Севилја и Бетис. Барса на 13-ти треба да игра со Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести