Пет гиганти се дел од Квотите на денот и прават коефициент 78

Sport Life за денеска подготви интересна понуда од стандардни пет предлози како Квоти на денот кои ако се одиграат на еден тикет, прават вкупен коефициент од 78.16.

Првиот предлог е од турскиот куп каде Фенербахче е голем фаворит против Ризеспор и се освен убедлив триумф на тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, ќе биде изненадување. Тука предлогот е да се одигра дека Фенербахче ќе постигне меѓу еден и три гола во двете полувремиња, а квотата за оваа игра е 2.00.

Барселона по големата победа над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, вечерва игра против нисколигашот Сеута во Кралскиот куп. Каталонскиот тим е апсолутен фаворит и речиси никој не верува дека ќе си дозволи уште еднаш да игра продолженија против нисколигаш во Купот и затоа предлогот е да се одигра на победа на Барселона како и дека ќе бидат постигнати најмалку четири гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.05.

Вечерва игра и Реал Мадрид кој има шанса да му се одмазди на Вилјареал за поразот од 2:1 во Ла Лига од пред 12 дена. Се очекува Реал да постигне барем два гола, а и двата тима да постигнат по најмалку еден гол. За играта Т22+&ГГ, квотата е 2.75.

Манчестер сити игра уште еден дерби натпревар во Премиер лигата, но нема избор мора да победи и да ја прекине серијата од два порази по ред. Граѓаните се фаворити и треба да победат, а на натпреварот да има помеѓу два и четири гола, а коефициентот за оваа игра е 2.35.

Најголемиот коефициент е на последниот петти натпревар во кој Јувентус ја пречекува Монца во Купот на Италија. Квота 2.95 се добива ако одиграте 1-1&2+.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести