Пет победи на пет меча, и гол-разлика 16-0 за репрезентациите од поранешна Југославија

Фудбалските репрезентации од просторите на поранешна СФР Југославија, имаат успешно коло во квалификациите за СП 2022, а биленсот може да им биде и перфектен.

Синоќа, Македонија го победи Лихтенштајн со 4-0, Хрватска беше подобра од Кипар со 3-0, Црногорците го поразија Гибралтар со 3-0, а Словенија ја надигра Малта со 4-0. Денеска, Босна и Херцеговина триумфираше со 2-0 против Казахстан. Овие пет тима од регионот вчера и денеска заедно имаат пет победи и гол-разлика 16-0.

Од поранешните шест републики, вечерва игра Србија, која е фаворит против Луксембург. Од земјите на екс Југославија игра и некогашната југословенска автономна покраина Косово, селекција која има тешка задача на гостувањето кај Шведска.

- Оглас -

Најнови вести